Ана Бунтеска: Македонија

Добивај вести на Viber

Без тебе празна е живеачката

Без тебе полна пелин е душата

Без тебе гори во срцето

Без тебе студено е во утробата

Без тебе трпезата зјае празна

Без тебе бардаците поткршени останаа

Без тебе само сува земја напукната

Без тебе како дрва без корен сме

Без тебе гробовите ни обраснаа

Без тебе во полињата коров израсна

Без тебе децата дом немаат

Без тебе домот е како куќа без покрив

Без тебе семката ни црвоса

Без тебе радоста ја снемува

Без тебе Тешкото се заборава

Без тебе лесен е патот до пеколот

Без тебе јас не сум јас

Без тебе од нас сенка остана

Без тебе ниту сонце свети

Без тебе како од три наречници проколнати

Без тебе нема небо сино

Без тебе птица на него не прелетува

Без тебе како прокопсани

Без тебе како сираци

Без тебе пожолтеа носиите

Без тебе името си го заборавивме

Без тебе селата си ги запустивме

Без тебе поколенијата ќе нé колнат

Оти ќе нема каде да се вратат

За барем свеќа да ни запалат

Без тебе...

Ах, без тебе џабе сето азно на светов

Без тебе сите мудрости и приказни ќе секнат

Без тебе како без себе

А без себе никој не го бива

И тогаш кога ќе научиме како да те љубиме

Без ниту камче твое да изгубиме

Тогаш достојни ќе сме за да те славиме

Онака како што заслужуваш

На љубовта твоја со љубов да ти вратиме

Оти само така се љуби земја

Само така се љуби Македонија

За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска