Ана Бунтеска: Староста се чека само со оној кој го љубиш

Добивај вести на Viber

Да бидиш со чоек оти го љубиш

Оти душата ти го бара

Ко жеден во пустина вода што бара

Ко гладен што на корка леб

Како на полна трпеза гледа

Ко дете мало пред продавница за чоколади

И кое зад излогот азно од магија пули

Ко болен на здравје што се радува 

И знае што значи телото разјадено да ти е

 Да бидиш со чоек оти знаеш


Дека тој и само тој суден ти е

Дека во ниту едно друго око

Себе нема да се гледаш ко во неговото

И во ничија туѓа сенка

Твојата мир нема да најде 

Дека ниту една друга прегратка 

Срцето нема да ти се смири

И дека во ниту еден туѓ бакнеж

Себе нема да се најдиш

Да бидиш само со оној што го љубиш

Од коренот на косата

Од врвовите на прстите

Оти само таа љубов е онаа

За која вреди планини да се искачат

Реки и мориња да се препливаат

И никогаш

Никогаш немој да си со некој

Со кој само удобно ќе ти биди

Без душата и срцето во таа љубов да ги внесиш

Греота

И за тебе и за него греота е

Греота си за умот да си го лажиш

И на сила телото да си го тераш

Покрај некого да ти преспива

Ако за него страст и љубов немаш

А греота и за него

Греота векот да му го земаш

А да знаеш дека среќен нема да го сториш

Оти некаде низ светов

И за него љубов некој чува

Тргни му се

Остај го да најди она што пишано му е

А и ти своето пишано да го бараш

Или остави тоа тебе да те најде

Само умот не си го заматувај

Ниту некому да му го труеш

Оти со чоек се останува

Само ако се’ во тебе накај него влечи

И дума

И око

И усни

И матка

И во себе секогаш знаеш

Дали е тоа тој кој суден ти е

И дали ти неговата судба си

Во утробата

Ете таму ако те греби и боли

Оди си и не му го арчи времето

Не му ја нагризувај душата

Оти со чоек да бидиш не е само

Со него да легниш и да станиш

Туку е се’ она меѓу станувањето и легнувањето

Денот со чиста мисла да го поминиш

Во љубов и мир со себе и него

Оти староста се чека само со оној

И единствено со оној кој го љубиш

Со сета себе

До небото и назад

И чија рака ќе ја бараш крајот дур го чекаш

За со насмев на усни спокојно да заминиш

Со мисла љубовна за оној

Само за оној кој вистински го љубиш

За Женски Магазин, поетесета Ана Бунтеска