Ана Бунтеска: Вртоглаво удолу

Добивај вести на Viber

Вртоглаво надолу

без усул и сопирачки

скоро исто како што нагоре вивнуваш

и ти се чини оти стотици неба прелетуваш

и смеата во стомакот ти гргори

рацете ширум отворени

како облаците да можеш да ги гушнеш

и во себе да ги сместиш.

Вртоглаво угоре

без во ниту еден миг за долу да мислиш

оти налет љубов ако на крајот помислуваш

и да се зачуваш се обидуваш.

Така, драги мој,

вртоглаво

со оваа луда глава само така се љуби

угоре до она небо

кое во умов за тебе го создадов

и со истата страст удолу

за инает на земјата

за инает на мојата кршливост

и да простиш

за инает на твојата претпазливост

со истиот насмев удолу

и не оти не знам каде

и не оти толку заслепена сум

за да се прелажам

оти при падот ќе се зачувам

ама, ете, така ми се сака

и во секое парче од мене

барем по еден здив ќе остане

и сеќавање на летот угоре

20

Ана Бунтеска

оти налет животот без љубов

и љубовта со кренат штит

и штит од кој себе за себе ќе се скратиш.

Ете, така,

вака како што удолу одам

со истата брзина со која угоре се вивнав

со сета себе и ваму и таму

оти поинаку не научив

вртоглаво и горе и долу

за животот смисла да има

и во смислата да можам да дишам.

Вака, драги мој,

со оваа душа само така се љуби

и тогаш кога во љубовта се губи.


За Женски Магазин, Ана Бунтеска