Ана Бунтеска: За нас...само толку знам, пиле мое
Небо и земја сме
Ех, драги мој
Ти и јас различни светови сме
И сега ако прашаш
Нит знам дал небо
Или земја црна сум
Само едно знам
Почнувам онаму каде што ти завршуваш
Или можеби ти зачнуваш онаму крајот кај шо ми е
И не
Немаме папочна врвца со која врзани сме
И која не’ храни
Тебе со милоста моја
Мене со страста твоја
Немаме години љубов
Ниту спомени кои не’ красат
Како оние кои долго заедно биле
Ама ете
Знаеш како да ме милуваш
И сјајот в очи да ми го вратиш
Со леснотија која и мене ме стаписува
И напати подзината ме остава
Ете не знам
Не знам дали вода сум
Или лајчето шеќер во водата што се топи
Ама знам дека назад кога гледам
Многу болки залечени се
И многу рани зацелени се
А ти чуден си
Па и лузните ми ги љубиш
Без на страна погледот да го вртиш
Не знам
А со тебе некако и не ми е важно
Дали се’ јасно ќе ми е
Ниту пак сакам да трчам пред она
Што времето ќе ни го дари
Само знам дека не ти се плашам
Не тебе пиле...оти ти нежен со мене си
Туку на она што во мене го будиш
Ниту страв имам
Ниту прашања ме мачат
И не знам дал душава ќе ми ја изрешеташ
Или онаму срцето кај шо ми е
Дупка ќе ми оставиш
Ама знам
Знам пиле оти со тебе крила раширив
И со насмев во себе те примив
Како дома после долг пат да си дојден
Како небо после дожд се отворив
И како земја црна
Љубов во себе впив
Како вода која брани срушила
Како лајче шеќер горчина да заблажи
Толку знам
За тебе и мене
За нас...само толку знам, пиле мое
За Женски Магазин, Ана Бунтеска