Ана Николиќ ја згрози јавноста: Ги чува извадените импланти од градите на посебно место

Добивај вести на Viber

Пејачката Ана Николиќ одамна си стави нови силикони, но ретко кој знае дека старите ги чува на посебно место.

Имено, Ана е позната по тоа што сака да зборува за приватниот живот, а не и е ниту проблем да го „каже“ она што многумина би го задржале во четири ѕида.

Николиќ откри дека при вадењето на старите силикони истите ги земала со себе и ги ставила посебно место во нејзиниот дом, во сеф.

Како што вели пејачката, тие силикони се толку мали, што медицинските сестри дошле во салата само за да ги видат, приотоа се изненадиле зашто воопшто ги ставила.

Ана тогаш објасни дека силиконите не смее да се фрлаат бидејќи не се разградуваат и постои правило за одлагање на таков отпад. Има таканаречени силиконски гробишта, но наместо гробишта таа го избрала да ги чува во својот дом.


Фото: AnaNikolicFacebook