Ана Савиќ е новата водителка на местото на Сања Кужет во шоуто „Ѕвездите на Гранд“: Се шпекулира дека е ангажирана за хонорар од 5.000 евра
Водителката Ана Севиќ стави крај на својата долгогодишна медиумска илегала со тоа што наместо колешката Сања Кужет, која замина на породилно, таа е новата водителка на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
- Искрено, се уште не планирав да се вратам. Имав различни понуди, но некако ништо не ми одговараше. Но, навистина кога Саша ми се јави и ми рече: „Еј, слушај. Така стојат работите. Мислам дека само ти го можеш тоа“ беше токму тоа. Затоа што „Ѕвездите на Гранд“ не ми се само емотивно важни во секој можен поглед, бидејќи тие беа огромен пресврт во мојот живот - изјави Ана за „Гранд“.
-Се натпреварував, потоа водев две сезони. Слободно можам да кажам дека „Ѕвездите на Гранд“ ми го промени животот. Со тоа чувствувам и некаква одговорност да бидам тука за сите. Сопругот беше воодушевен. Многу сака кога или снимам песни или се занимавам со нешто поврзано со медиумите - додаде Севиќ.
- Тој всушност знае колку тоа го сакам и колку уживам во тоа. Но, малку се двоумев бидејќи сум мајка на две деца. Како што кажав, сè уште не планирав да се вратам на сцената, но Саша Поповиќ имаше други планови за мене. Што се однесува до грижата за децата додека работам, мојот сопруг е таму. Ние двајца сме тим кој 24 часа е со нашите деца - изјавила новата водителка на „Гранд“.
-Тој е со нив, бабите ќе „влетуваат“ кога ќе „станегусто“ и тоа е тоа. Што се однесува до шпекулациите колку пари сум добила од „Гранд“, никогаш не сум коментирала ништо поврзано со финансии, па затоа така ќе биде и сега. Мислам дека не е време ниту место да се влезе во ничиј паричник. Како што не влегувам во туѓите паричници, така и вие не треба да влегувате во мојот - ги коментираше гласините Ана дека нејзиниот хонорар е 5.000 евра.
- Јас и Сања не сме се слушнале. Секако дека и честитав кога слушнав дека доаѓа уште едно бебе и многу сум среќна поради тоа. Сања е прекрасна жена и мило ми е што е остварена на сите фронтови. Сакам да ужива во бременоста и да и кажам дека го оставила „Ѕвездите на Гранд“ во сигурни раце“.
Да потсетиме, водителката Ана Севиќ ја замени својата колешка Сања Кужет во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сега за тоа проговори и композиторот Александар Милиќ Мили, член на жирито на овој ТВ-формат.
-За Сања нема замена, но дојде Ана, која е сосема поинаков лик. Ми се допаѓа и кога беше во „Ѕвездите на Гранд“, а има и искуство со водителство, па ова е вистински хит за мене - истакна Александар за „Србија Данас“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Pulsonline.rs