Игравме карти два дена пред да почине: Ана Стојановска се присети на Влатче

Актерката Ана Стојановска и прерано починатиот пејач Влатко Илиевски беа една од најубавите двојки на македонската јавна сцена.

- Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен - изјави Ана минатата година за емисијата „Бекстејџ“ признавајќи дека тој бил нејзината прва љубов со кого имала многу убави моменти.

Иако имале детска љубов како што изјави мајката на Ана, актерката Силвија Стојановска во едно интервју, за Влатко и Ана медиумите не престанаа да пишуваат уште многу години подоцна.

- Ме викаше „мамо“. Не можам да се помирам со тоа дека никогаш повеќе нема да се гушнам - откри Силвија за „1ТВ“.