Анастасија Деа ја облече носијата од свадбата на баба ѝ, исто ја дотера и ќерката Дениција (ФОТО)
Водителката и поранешна уредничка на утринската програма на ТВ Алфа Анастасија Деа е голем обожувател на македонската народна носија.
Ако се прашувате од каде оваа констатација, доволно е да ја погледнете нејзината последна објава на социјалните мрежи, ќе сфатите дека е навистина така.
Имено, Анастасија Богдановска ја облече носијата на нејзината баба, а во ист стил ја облече и ќеркичката Дениција.
„Се додека ги одржуваме во живот ќе пркосат на времето и ќе се безвременски.
Од свадбата на баба ми, преку празници и свадби на внуците… за правнуците.
П.С. Името на невестата се везело на кошулата.“ - напиша Анастасија на Инстаграм покрај фотографиите.
Под објавата, се наредија грст позитивни коментари, а во еден ја запрашаа водителката од кој крај е носијава, на што Анастасија одговори дека е од Полошкиот.