Андријана Петрушовска со болно грло ја отпеа „Море сокол пие“: Македонката со сексапилен изглед ги освои симпатиите на жирито (ВИДЕО)
Македонската натпреварувачка Андријана Петрушовска во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ го воодушеви жирито со изведбата на македонската народна песна „Море сокол пие“.
Петрушовска пееше во дуел со Ирма Хасиќ и доби предност од шест гласа и директен пласман во следниот круг.
- Овој резултат е сосема океј, Андријана беше подоминантна, Ирма нестабилна интонација. Браво за борбата и за трудот, знам дека Андријана е болна - изјави Цеца, со која се согласи и Марија, која ја пофали Македонката дека е одлична.Андријана доби комплименти и од Снежана и Ана.
„Андријана браво девојче за се“, рече Ана Бекута.
Мили кој воедно и е ментор на Андријана истакна колку се гордее со неа, која со секое следно појавување ги поместува границите, што тоа го покажала и таа вечер иако имала здравствен проблем.
- Андријана е кандидатка која треба да ги пее песните на големите пејачи, комерцијални, не стигнавме доволно да работиме поради нејзината болест, но успеа да отпее одлично со воспален крајник, рече Мили.
Фото: Инстаграм