Ангела Меркел во карантин: Имала контакт со заразен од корона

Добивај вести на Viber

Германија објави тешки ограничувања за контакт меѓу луѓето, a Ангела Меркел мора да оди во карантин по средбата со заразен лекар.

Вчера од канцеларијата на канцеларката Меркел, соопштија дека таа ќе се изолира дома, веднаш откако дознала дека лекарот што ја вакцинирал против пневмонија во петокот, е заразен од КОВИД-19.
Канцеларката ќе биде тестирана редовно во наредните денови, додека ги извршува своите должности од дома.

Германските власти издадоа забрана за состанување на повеќе од две лица одеднаш. Властите велат дека таквата забрана има повеќе смисла отколку да ги заклучуваат луѓето во нивните домови.

Во последни десетина дена ситуацијата во Германија нагло се промени, при што бројот на заразени се зголеми десетпати.

Моментално заразени од КОВИД-19 во Германија има 25.481, 99 починале, а 266 биле излечени.