Ангела Влинтовска, победничка на ФолкФест Валандово: Очите ми се насолзија кога првпат го слушнав стихот „Свадба почнува, твоите другари место тебе, татко, здравица ни кажуваат“

Добивај вести на Viber

Таа е една од најмладите победници на „Фолк Фест Валандово. Ангела Влинтовска (19) на неодамнешното фестивалско издание со пената „Темјана“ ги освои срцата и на публиката и на жирито.

Родена е и живее во Скопје. На 6 години го започнала образованиете во нижото музичко училиште „Илија Николовски - Луј “- Скопје. Почнала да свири виолина, а во средното музичко образование и клавир. Студент е во прва година на Факултетот за музичка уметност Скопје отсек - виола.


Кога првпат ја слушнав песната „Темјана" кај мене разбуди... многу емоции.Со првото слушање реков: „Да,тоа „Темјана“ е таа песна,староградска,чалгиска. Самиот инструмент канон буди емоции и знаев дека ќе можам да ја испеам со емоции. На првото слушање очите ми беа со солзи посебно на стиховите: „Мајка не, не плаче, како што ти ветила,види ја одгоре, се променила", како и на рефренот „Свадба почнува, твоите другари место тебе, татко, здравица ни кажуваат". Едноставно никој неможе да остане рамнодушен на оваа песна на авторите Огнен Неделковски (текст), Ванчо Димитров (музика) и Љупчо Соколовски (аранжман).


Победата на Валандово ми го промени секојдневието...Не многу, освен што имам повеќе повеќе интервјуа,настапи со „Идеал Бенд“, во кој членувам една година.

Ја одбрав фолк музиката бидејќи... ние сме народ со голема традиција,имаме прекрасна фолк музика која е секаде во светот почитувана.Токму поради тоа ние младите треба да си ја сакаме, почитуваме фолк традицијата, бидејќи така ќе живее и трае.

Ме фаќа паника дали ќе успеам поддеднакво да одговорам на сите обврски... искрено не ме фаќа паника, секогаш имам план за учење,свирење,пеење.И покрај сите обврски, посетувам и семинари и мастер класи во Fames institut во Скопје, но и време за снимање песни.Со добар план и организација сѐ е возможно.

Мојот имиџ би го дефинирала како... модерен,младешки и во склоп на дадената пригода. Ги следам модните трендови и сакам да сум во нешто во кое ќе се чувствувам удобно и пријатно.


Сексипилната е моќно оружје на секоја жена.Таа помага во оваа професија... да,но тоа да биде сепак во некоја граница. Да не премине во вулгарност. Внатрешната убавина,комуникативност и самодовербата можат да ја направат жената многу сексипилна.

Моите најрани сеќавања од детството се поврзани со... домот,моите родители, најблиските кои од секогаш биле мојата најголема поддршка и кои веруваа во мене.Тие ме пораснаа со хармонична атмосфера, кадешто сметам се оформив како добра,културна и воспитана личност.

Тинејџерскиот период би го опишала како... еден многу убав период. Бидејќи голем дел од времето го поминував на училиште, некогаш од 8 наутро и до 20 часот, тоа беше убав период.И покрај сите обврски околу свирењето-вежбање виолина, наоѓав време да бидам присутна на дружбите,забавите, но наоѓав и слободно време за некоја книга.

Омилен јунак од приказните...Би го издвоила Симба-мало љубопитно лавче кое ќе порасне во храбар крал учејќи важни лекции за одговорноста, семејството,простувањето.

Мојата дефиниција за љубовта е... огледало на тоа што го сакаме и тоа што сакаме да бидеме.Таа е основата на нашето постоење.

Љубов кон родителите,партнерот,работата,Господ.

Едноставно таа е многу повеќе од чувство и која нѐ води во животот.


Кај луѓето најмногу почитувам... искреност,почитување,амбициозност-луѓе кои не отстапуваат од своите цели.

Особина која најмногу ја сакам и ја поседувам... Упорноста,искреноста,трпеливоста и дружељубивоста се доблеста на мојот карактер.Секогаш позитивна и комуникативна.

Неостварена професионална желба ми е... со оглед на тоа што студирам виола,ја сакам и свирам класичната музика, желба ми е во иднина да се најдам на голема сцена,Виенската опера,Берлинската опера.


Плановите се за практични луѓе, а моите се поврзани со… што се однесува до плановите за иднина, секако се поврзани со музиката.По двојната победа на Фолк фест Валандово, имам веќе свое темпо и тргнувам напред каде нема застанување.Тимот е важен дел, па во иднина би сакала да продолжам да работам и соработувам со луѓето кои се значајни на нашата естрада.

С.А.Н