Анѓелка Прпиќ за прв пат во јавност со новото момче и поубава од било кога: Трудничкиот стомак во преден план (ФОТО)
Популарната актерка се појави на настан во друштво на својот нов партнер
Познатата водителка Марија Килибарда вчера во Белград организираше настан на кој се собраа голем број познати личности.
Меѓу нив беше и нејзината блиска пријателка и популарна актерка Анѓелка Прпиќ, која деновиве е во центарот на вниманието на јавноста поради веста дека повторно е бремена. Шармантната актерка беше во друштво на Марко Жугиќ, за кој медиумите објавија дека е нејзин нов партнер, а парот беше одлично расположен. Постојано разговараа и се смееа, а фоторепортерите забележаа и неколку нивни прегратки и еден бакнеж.
Анѓелка не им позираше многу на претставниците на медиумите, а изгледаше тренди како и обично.
Актерката избра црна комбинација од глава до пети, нејзиниот црн фустан до колена го истакна нејзиниот труднички стомак. Со тоа искомбинира розова чанта, а сè зачини со ефектни висечки обетки.
Комбинацијата ја заокружи со кратка кожена јакна и кратки чизми со тенки потпетици, а се одлучи за пристојна вечерна шминка.
Погледнете ги фотографиите ТУКАИзвор: glossy.espreso.co.rs