Дури во сонот ми доаѓаш кришум,
со дланки премачкани вар,
врз мене го ваеш раѓањето
на нелегитимната Венера.
Од усните - врутоци ти течат
зборовите на Минерва,
додека Аурора за раце ги води
сончевите зраци во моите коси,
распослани врз лакот на Диана.
Волупиа умешно ги диригира
моите облини,
твоето помајание
и времетраењето на нашите сонувања,
каде митологијата живее
во секоја нова прељуба
на старите љубовници.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола