Искрено со Антониа Гиговска: „На одмор ќе одиме со бабите и дедовците... Јас не сум психички подготвена, Киан е повеќе од мене“

Добивај вести на Viber

Одморите со баба и дедо сè се попопуларни, родителите одат заедно со децата и внуците на патување, со надеж дека ќе искористат одмор но и ќе поминат време со семејството, а дополнително ќе им помогнат и околу обврските за малите деца. Планирањето на семејното патување може да е напорно, но со добра организација може да биде успешно, секако е голем плус за младите родители. Со оглед дека летните одмори оваа година поради топлото време започнаа порано од вообичаеното, токму на оваа тема поразговаравме со пејачката Антониа Гиговска. Таа од неодамна е мајка, па следствено на тоа, ова ќе биде прво лето на кое нема да оди сама туку со целото семејство и секако главниот член, синчето Киан. Темата за претстојното лето ја отворивме вообичаено, која е нејзината прва асоцијација за ова годишно време, едно од нејзините омилени:

– Мојата прва асоцијација е море, лежалки, базен, костим за капење, темен тен …

Ж.М. Ако се вратиш назад во детството, по што ги паметиш летните одмори?

– Ух … Сигурно по тоа што не сум излегувала од вода и постојано сум сакала да се бањам …

Ж.М. Дали паметиш некоја летна авантура која секогаш ќе ја раскажуваш со насмевка?

– Секогаш кога одевме на одмор со брат ми собиравме рипчиња во шише и повторно ги пуштавме да си пливаат.

Ж.М. Дали си од оние девојки кои само пред летото се во паника за вишокот килограми и целулитот, или пак се грижиш за себе преку целата година?

– Порано да, но последните две години се грижам и активно вежбам преку целата година, така што немам стресови пред лето.

Ж.М. Каква облека е твојот прв избор за летните денови?

– Некој лелеав фустан или шорцови со маичка.

Ж.М. Дали си за солариум или други методи за самопотемнување?

– Солариумот не ми помага воопшто, но затоа сум за спреј за самопотемнување.

Ж.М. Дали си подготвена за прво летување со Киан?

- Јас сè уште не сум психички подготвена, а Киан е сигурно повеќе од мене.

Ж.М. Последните години, во мода е младите брачни парови на летување носат некои од своите родители за да помагаат околу чувањето на бебето, дали тоа ќе биде и случај и кај вас?

– Ќе одиме на одмор со бабите и дедовците а потоа ќе одиме сами.


Ж.М. Дали веќе испланиравте со сопругот која дестинација ќе ја одберете за ова лето?

– Турција, Грција и Охрид на шеткање.

Ж.М. Каква е агендата за настапите претстојните месеци и каде најчесто ќе можеме да те слушаме?

– Јас постојано ја објавувам агендата со настапи на Инстаграм така што секој викенд ќе се дружиме и пееме на различна локација. Имам преубава публика и се пеат моите песни така што сум повеќе од благодарна. Делчево, Куманово, Штип, Скопје, Радовиш.


Елеонора А.