Антонија Гиговска и Џокер се венчаа во тајност: Пристигаат честитки од сите страни

Во текот на вчерашниот ден во интимна атмосфера пејачката Антонија Гиговска и нејзиниот избраник познат како Џокер, со кого го очекува своето првото дете, ја крунисаа својата љубов. 

Многумина се изненадени бидејки целата церемонија не беше проследена од медиумите, иако се очекуваше дека Антонија ќе направи голема свадба.

Веста за венчавката, Гиговска ја објави на својот инстаграм профил, а објавата ја проследи со неколку свадбени фотографии.

Честитки пристигнуваа од сите колеги и следбеници, а особено внимание предизвика онаа од колешката Анастасија Ражнатовиќ.

Честитки!


Фото:Antoniagigovska/instagram