Барбара Ракичевиќ: „Треба да сме задоволни кога ќе се погледнеме во огледало и да не правиме споредби со она што го гледаме на Инстаграм“
Ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара Ракичевиќ ја запознавме релативно млада. Иако веќе сите добро знаеја која е Барби, пошироката јавност имаше можност за прв пат да ја запознае како водителка на еден познат естраден магазин. Сепак, иако тргна по стапките на мајка ѝ, музиката беше нејзиниот избор и патот по кој сака да продолжи. Објави неколку песни, а настапите станаа нејзина професија. Покрај музиката Барбара е доста активна на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии како од настапите така и од патувањата. Важи за личност која не се потпира на Фотошопот кога се во прашање изгледот и претпочита да изгледа природно на фотографиите. Со оглед дека веќе посети неколку дестинации и на големо се подготвува за летото и летните денови, поразговаравме токму на оваа тема. А како и секогаш, разговорот го почнавме традиционално, која е нејзината прва асоцијација за летото:
– Секогаш прва асоцијација за лето е плажа, моите и ладно овошје …
Ж.М. До сега, кое е твоето најдобро летување, и зашто?
- Иако не сум била за време на летниот период, сепак го сметам за летен одмор, а тоа е Дубаи, на второ место Италија приморскиот дел кај Амалфи, Поситано и Капри.
Ж.М. Дали се подготвуваш за претстојното летото, која е твојата следна дестинација?
- Искрено ова е прво лето кое ќе биде спонтана:) Некако однапред не е ми е организирано ништо во план ми е Грција можеби некој остров па и Црна Гора или Хрватска, далечните дестинации ги оставам за кога е студено овде.
Ж.М. Со кого најчесто сакаш да патуваш, кога се летните одмори во прашање?
- Најчесто со партнерот или пак најблиските пријатели, не години наназад еден мирис ми е резервиран и мојата најдобра пријателка па верувам дека така ќе биде и оваа.
Ж.М. Без што не тргнуваш на летување?
- Без костум за капење и масло за потемнување.
Ж.М. Со оглед дека летото е еден од најголемите проблеми за девојките, вишок килограми, целулит … како ти се грижиш за себе, дали редовно вежбаш и имаш посебен начин на исхрана?
- Да дефинитивно вежбањето е на прво место и го практикувам цела година, но пред летниот период правам масажи и третмани кои ги решаваат тие мали проблеми и ја измазнувам кожата за да бидам подготвена за високи температури.
Ж.М. Каков костим за капење е твојот избор, едноделен или дводелен?
- За мене секогаш дводелен некако се чувствувам поубаво и попријатно.
Ж.М. Кој е твојот прв избор за гардероба во летните денови, што најмногу сакаш да носиш?
- Летото сакам да го поминам во ленени парчиња облека, лесни фустанчиња или класично кратка маичка и шорц.
Ж.М. Дали си за или против комплетно фотошопирање на телото доколку објавуваш фотографии на социјалните мрежи или претпочиташ природен изглед?
Во ред е да се среди некоја точка, но сум против целосна промена на телото. Јас претпочитам да објавувам видеа и со тоа мислам дека се гледа дека не посветувам некое внимание на фотошоп. Сликите не се репер и многу е важен аголот, но пред сè треба да бидеме задоволни со себе кога ќе се погледнеме во огледало и да не правиме споредби со она што го гледаме на Инстаграм. Природниот изглед е секогаш на прво место и така ќе остане, навистина треба да се потрудиме да се присетиме на тоа.
Ж.М. Со оглед на тоа што важиш за девојка која нема комплекси, и не се претставува на социјалните мрежи во сосема поинакво светло, што би ги советувала девојките кои немаат самодоверба?
Мојот совет е да работат на себе додека самите не се задоволни од изгледот. Секој зрачи позитивно кога се чувствува убаво во сопствена кожа. Најважно е да сме здрави и среќни.
Ж.М. Дали ќе настапуваш ова лето, и ако е да која е агендата? (Нешто повеќе околу настапите)
Да секако настапите се тука и ќе можеме да се сретнеме во многу градови низ Македонија, се е редовно објавено на мојот Инстаграм и секој што сака го очекувам на вистинската летна забава.
Елеонора А.