Бебе е на пат: Ракометарот Филип Кузмановски и Моника ќе станат родители

Добивај вести на Viber

Моника Кузмановска наскоро ќе биде мајка, а познатиот ракометар Филип Кузмановски ќе се оствари во улогата на татко за прв пат.

Среќните и неочекувани вести во јавноста ги споделија идните родители преку социјалните мрежи.

Со неколку фотографии Моника откри дека е во блажена состојба и дека овој месец нивниот дом ќе биде збогатен со детенце.

View this post on Instagram

A post shared by @monikaa_ig_


Од 2019 година Кузмановски запловија во брачните води после долгогодишната врска.


Правеа свадба на отворено во Битола, а меѓу гостите беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника и кој за разлика од повеќето соиграчи се’ уште ја чека својата идеална половина.