Бебето кое се роди во урнатините од земјотресот стигна во нов дом: Кој ќе се грижи за малата Аја, која доби и ново име?
FOTO: Instagram screenshot
Бебето било предадено на роднините откако со ДНК тест било утврдено дека се биолошки поврзани
Малата Аја, родена во урнатините, конечно посвоена: Доби и ново име со силна симболика.
Малата Аја, бебе кое се роди под урнатините по земјотресот во Сирија, ја напушти болницата и пристигна во новиот дом, откако беше посвоено од семејството на нејзината тетка.
Нејзините тетка и вујко ја посвоиле и ѝ го дале новото име Афра, во спомен на нејзината покојна мајка која загинала во земјотресот заедно со сопругот и четирите деца.
Дента откако беше спасено во болница, новороденчето го доби името Аја, што на арапски има неколку значења, меѓу кои „чудо“ и „подарок“.
Приказната за девојчето кое се роди ја пренесоа светските медиуми, а со желба да ја посвојат се јавија луѓе од целиот свет. Сепак, роднините и покрај тешките услови во кои живеат велат дека најдобро е детето да биде со семејството.
Жителот на Африн Халил ал-Савади сега живее со роднини во градот Јиндерис во северна Сирија, откако неговата куќа исто така беше уништена во земјотресот. Ал Савади и неговата сопруга имаат четири ќерки и два сина.
„Таа е мое дете сега. Нема да ја одвојувам од моите деца. Ќе ми биде подрага од нив, бидејќи таа ќе биде спомен на нејзиниот татко, мајка и браќата“, изјавил Ал Савади за АП.
Тој изјавил дека неколку дена по раѓањето на Афра, неговата сопруга родила ќерка.
Додека била во болница, Афра ја доела сопругата на директорот на болницата во Африн. Семејството и надлежните органи стравуваа дека девојчето може да биде киднапирано од болница, особено по упадот на вооружените напаѓачи.
Болницата во понеделникот објави дека Афра им била предадена на нејзината тетка и вујко, откако ДНК тестот утврдил дека тие се биолошки поврзани.
„Беше тажно и некои акушерки плачеа кога таа беше отпуштена од болница“, изјави д-р Хани Маруф, која се грижеше за малото девојче, кое сега е во добра здравствена состојба.
Чудо на 13-ти ден по земјотресот: Три лица, меѓу кои и едно дете, извлечени од урнатините (Видео)
Татко откри како тој и ќерка му преживеале 4 дена под урнатините: Ја гушкал за да ја стопли
Надежта умира последна: Мајка со две деца спасена од урнатините по 228 часа