,

“Бенефит” нов јогурт од Млекара Здравје збогатен со пробиотски култури

Добивај вести на Viber

Домашната реномирана млечна индустрија Млекара Здравје има нов производ. Станува збор за функционалниот пробиотски јогурт Бенефиткој веќе од денес е достапен на продажните места. Станува збор за нова инвестиција во цел еден нов концепт на здрава храна, амбициозен проект, на кој интензивно работеа повеќе од 6 месеци експерти од повеќе области нутриционисти, технолози и експерти за производство на здрава храна.

Производот Бенефит е резултат на потребите на модерните потрошувачи, кои имаат динамичен животен стил, и кои внимаваат на својата исхрана, и преферираат високо квалитетни производи.

Покрај свежиот и пријатен вкус, во својот состав “Бенефит” содржи и комбинацијата на пробиотски култури кои овозможуваат воспоставување на цревна рамнотежа помеѓу таканаречените „добри“ и „лоши“ бактерии. Предностите се посебно нагласени кога има нарушена микрофлора од најразлични болести, стрес, земање на антибиотици, консумирање на алкохол или стареење. “Бенефит”  може да има позитивни ефекти и во намалување на надуеноста. Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнуваимунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особено во летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето.

Инвестициите во истражување и развој се примарна цел на новиот менаџмент на Млекара Здравје, со цел создавање успешен млечен бренд кој ќе ги освојува странските пазари. Во моментов производното портфолио на Млекара Здравје ја сочинуваат повеќе од 25 млечни и кисело-млечни производи, кои се пласираат на домашниот и регионалниот пазар, а значителен процент од вкупното производство се извезува. Наскоро на пазарот ќе бидат дистрибуирани и нови производи под брендотБенефит.