Беше голема ѕвезда во 90-те, живееше бурно: Денес ретко кој се сеќава на неа

Добивај вести на Viber

Беше првата пејачка во Хрватска која на тамошната сцена го промовираше етно стилот во поп-музиката. Со нејзината појава, но и животен стил постојано ја интригираше јавноста и во 90-те години на минатиот век беше вистинска ѕвезда во поранешните ју-републики.

Речиси сите се сеќаваме на хитовите „Од кад те нема“, „Варалица“ и „Лажи ме“, но ретко кој се сеќава на неа. Алка Вуица денес има 58 години. Се’ уште ја има по хрватските медиуми, но очигледно не го добива посакуваното внимание, па ја критикуваа кога позираше топлес.

Во интервјуата секогаш била искрена и никогаш не го криела бурниот приватен живот. Во една прилика призна дека имала афери и со жени.

- Во 80-те тоа беше многу модерно. Не можеше да важиш за популарен лик ако не си имала пријателка со која си се галела. Никогаш не сум била вљубена во жена, но имав искуство со нив. И тоа преубави искуства. Јас сметам дека сите луѓе се бисексуални и дека повеќето односи се темелат на сексуалноста. Имам пријателки кои никогаш не ме привлекле, но и жени кои веднаш ме привлекле како и јас нив - раскажа Вуица.