Беше обвинет за силување, 3 месеци помина во затвор: Вака денес изгледа партнерот на Касандра од познатата серија
Латиноамериканската ѕвезда Кораима Торес, која публиката ја запозна по улогата на Касандра во серијата „Касандра“, ја посети Србија и ги потсети гледачите на популарната теленовела, која кај нас беше многу популарна во деведесеттите.
Покрај Касандра, која беше омилена актерка, главната улога ја имаше и актерот Освалдо Риос, кој го толкуваше ликот на Игнасио.
Тој беше обвинет дека ја силувал познатата пејачка Шакира со која бил во врска. После тоа, помина три месеци во затвор за насилство врз девојка.
- Тоа е смешно. Една од најголемите лаги некогаш измислена. Самата Шакира рече дека кон неа се однесував како принц – изјави тогаш Риос за странските медиуми.
Инаку, Касандра во посетата на Србија откри дека е невозможно да се снима продолжение на „Касандра“.
Извор:blic.rs
Фото:screenshot