Беше прва љубов на Милош Биковиќ, се чуваа за брак: Бранкица Себастијановиќ сега ужива во врска со друг познат актер (ФОТО)
Милош и Бранкица за многумина беа едни од омилените млади актерски парови.
Биковиќ денес важи за еден од најголемите заводници меѓу српските актери, а неговата прва девојка за која јавноста дозна е Бранкица Себастијановиќ.
Тие беа во врска неколку години, а во еден момент вниманието на медиумите го привлече една информација за нивната љубов. Имено, медиумите тогаш пишуваа дека и покрај долгата врска немале интимни односи и дека се чувале за брак.
- Мислам дека е навистина грдо да се исмева нешто до што се држиме јас и Милош. Мило ми е ако можеме да бидеме пример за младите во вакви времиња. Не знам зошто толку многу се пишува за тоа - изјави тогаш Бранкица за врската со Милош кој пораснал во патријархално христијанско семејство.
Медиумите тогаш пишуваа и дека постариот брат на Биковиќ, Михаило отишол во манастир и се замонашил кога Милош имал шест години. Тоа се вредностите до кои се придржуваа Милош и Бранкица.
- Сексуалноста е приватна работа и така треба да остане. Повторувам дека секое озборување на човек и неговата сексуалност е чиста деградација - рече тогаш Биковиќ.
Иако никој не очекуваше дека нивната љубов ќе заврши по целата таа приказна, тоа се случи. И оттогаш Милош е многу присутен во јавноста и медиумите, додека Бранкица и нејзиниот приватен живот се вистинска загатка.
Меѓутоа, сега, ако им се верува на фотографиите од Инстаграм и ако може да заклучиме од нив - Бранкица веќе некое време ужива во љубовта со еден српски актер, пишува Блиц. Имено, тие двајца имаат неколку заеднички слики и на нив делуваат прилично интимно.
Тоа е Душан Матејиќ, кој всушност е мултиталентиран уметник. Покрај актерството, овој млад уметник својата креативност ја покажа и преку стихозбирките „Немир сиго перја“ (2009) и „Песни“ (2018), но и како стручен соработник на Катедрата за глума на Факултетот за драмски уметности.
Станот на девојката на Милош Биковиќ: Љубозно гнездо уредено со многу стил (ФОТО)