Бев гостинка на својата свадба: Љубовната приказна на виолинистите Горјан и Ирена Стојановски

Интересна љубовна приказна имаат виолинистите Ирена и Горјан Стојановски. Другари биле во средното музичко училиште, ја делат истата сцена на во Македонската опера и балет, водат семеен ресторан, и имаат иста љубов, виолината.

Сите детали на свадбата на двајцата музичари во 2013 година, биле во знакот на виолината. Денес Ирена и Горјан се родители на тригодишната Лаура. Горјан е дел од од составот „Скопски боеми“, а Ирена свири во новата музичка атракција, женското гудачко трио „Тринити стрингс“.

Ќерката Лаура има четири години, а Ирена и Горјан пред две недели добија уште една ќерка 

„ Со Горјан се знаеме од деца бидејќи и двајцата потекнуваме од музички фамилии , па имаше моменти кога се среќававме“, ја почнува приказната Ирена. Во средно училиште бевме во ист клас меѓутоа секогаш сме биле само другари . По неколку години ,откако се вратив од Германија, почнав да свирам во МОБ и погодете кој беше таму? Горјан од средно! Нема посилна љубов од таа што е стекната во пријателство“.

Виолинистката додава дека таа и сопругот се многу различни, но полни со разбирање еден за друг. Тоа што се од иста професија е од големо значење бидејќи, вели Ирена се разбираат во целост, си помагаат и си даваат поддршка. Шарматната музичарка додава дека секогаш со радост се сеќаваат на нивната свадба, на летото во 2013 година.

„ Свадбата ја организираше Горјан во целост, сè беше во симболот на виолината , добивме и торта виолина, поканите ни беа специјално изработени во форма на виолина. Јас си дојдов како гостинка и во ниту еден момент немаше стрес. Инаку ретко се караме и секогаш многу брзо се смируваме, особено откако ни се роди Лаура која има четири години и моментално е во фаза каде што ништо не може да помине без да забележи. Има многу смешки во врска со неа, интересно дете е, многу зборува и се интересира за многу нешта. Сакала да биде пејачка , па друг ден свири виолина , па виолончело и нормално принцеза е секој ден“, вели Ирена за работите што ја прават најсреќна. Горјан и Ирена пред две недели добија уште една ќерка. 

Освен што се занимаваат со музика, Ирена и Горјан го водат семејниот ресторан „Дада“ , кој е нивен втор дом. Ресторанот го менаџира Горјан, и таму се догвораат сите музички планови.

„Моментално, тој снима за музичката емисија „Мерак меана“, а јас до скоро работев со моето гудачко трио  „Тринити стрингс“  со кое имавме бурен период. Сега сум им посветена на ќерките“, откри Ирена. 

Сепак, на она што е најгорда оваа музичка двојка е ќерката Лаура која е дел од спотот на кампањата на СОС детското село #ЗамениГиНезаменливите. Лаура на свој оригинален детски начин, во спотот раскажува кого сака најмногу, и со тоа ја испраќа главната порака: „Секое дете ги залужува ѕвездите“, наменета за децата без родителска гриижа и децата кои живеат во социјален ризик.  Очигледно е дека музичкката брачна двојка го има својот наследник во уметноста.

М.Џаровска