Животна училница // Приказни
Бев љубоморен како пес: Сергеј Ќетковиќ проговори за сопругата
- 03 Јули, 2019
Пејачот и автор Сергеј Ќетковиќ во една емисија на белградски Тв Пинк признал дека на почетокот од бракот, бил многу љубоморен на сопругата Кристина.
"Бев љубоморен како пес на Кристина. И знам дека тоа не е добро од оваа дистанца. Но, на 23 години размислуваш сосема поинаку", изјавил црногорскиот музичар. Тој неодамна прослави 20 години брак со сопругата. Кристина и Сергеј посвоија две ќерки, Лола и Мила и создадоа цртан филм кој се вика токму како нив.