„Бев тотално неспремна за тоа што ме чека...Имав голема физичка болка“: Ирина Дишо и Даниела Ѓуровска ги споделија своите искуства со доењето
Од 1-ви до 7-ми август секоја година се одбележува Светската недела на доење во чест на Декларацијата за невини во 1990 година.
Доењето е камен темелник на преживувањето, исхрана и развој на новороденчињата, малите деца и придобивка за здравјето на мајката. Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење за првите 6 месеци од животот потоа се препорачува доенчињата да започнат да јадат безбедна и соодветна комплементарна храна и да се продолжи со доење до 2 години и повеќе. Ран и непрекинат контакт кожа на кожа, кенгур метод, како и престој во иста соба на мајка и бебе исто така значително влијае на преживувањата кај новороденчињата со тоа и се намалува стапката на морталитетот.
По овој повод, тазе мајките познатата алпинистка Ирина Дишо и модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска на Инстаграм споделија дел од нивното искуство со доењето.
И двете станаа мајки за прв пат минатиот месец.
„Можам да кажам дека бев тотално неспремна за она што ме очекува во улогата на мајка од оваа дистанца.
Не бев сигурна како ќе се одвива породувањето, иако ме советуваа и слушав краток курс. Ниту знаев дали ќе успеам да се породам природно како што сакав, а најмалку пак за тоа што ќе си донесе со себе.
Во моментот кога Давуд лежеше на мојот образ и силно плачеше веќе ништо не ми беше важно, само тој да е добро.
Светската недела на доењето и предизвикот од Philips Avent да ја споделам мојата доеничка приказна ме потикна да размислувам за многу работи и да сфатам колку сум благословена што од прв момент Давуд се храни со мајчино млеко.
Неверојатно е како по пораѓајот целосно ми се промени перцепцијата за женското тело, за она што можеме како жени да издржиме и создадеме. Колку сите стереотипи се неважни и за тоа колку самиот процес на доење е најчистото нешто што една жена може да го доживее. Од друга страна, сметам дека недоволно се разговара на оваа тема и колку целото искуство може да биде стресно.
Би сакала да чујам што имате да споделите, верувам дека е здраво да се разговара на овие теми а од друга страна и вашето искуство може да биде она што на една мајка ѝ е потребно да го слушне“, напиша Даниела.
Даниела е маркетинг менаџер во Fashion Group и една од најдоброоблечените трудници во Македонија, стана мајка. Таа го роди своето прво дете, синот Давуд, кој го доби со партнерот Денис Качапор.
На постот за доењето на Даниела прва се надоврза Ирина Дишо која напиша:„Поголем предизвик и поголема физичка болка имав во првите три недели од доењето, додека се воспостави еден нормален циклус на “понуда” и “побарувачка” на мајчиното млеко, отколку природниот пораѓај на Јосиф.
И точно е дека треба што повеќе да ги споделуваме искуствата, за поголема едукација во однос на доењето за сите идни мајки!“ - објасни Дишо во коментар.
Ирина Дишо се породи на 18 јуни.
ФОТО: Инстаграм