Без комплекси: Кејт Мидлтон се појави во истиот фустан со карнери од минатата година, и овој пат изгледаше беспрекорно

Добивај вести на Viber

Принцезата од Велс во „стар“ фустан повторно воодушеви.


Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон постојано не воодушевува со нејзините модни комбинации и нејзината практичност. Имено, кога ќе најде модел или принт што и се допаѓа, не се двоуми да го „рециклира“ и да го облече неколку пати.

Не е тајна дека Кејт Мидлтон обожава да носи фустани со карнери, а вчера облече фустан кој веќе имавме прилика да го видиме и повторно воодушеви.

Кејт вчера го посети Хемпшир за да го отвори центарот „Hope Street“, а за оваа прилика избра лежерен и романтичен фустан од Алесандра Рич, кој го носеше и во машкото финале на Вимблдон минатата година.

Овој прекрасен морнарски фустан има V-деколте, пемплум во пределот на половината што е идеален ако сакате да ги скриете вишокот килограми и деталите со златни копчиња, а чини 1.552 евра.

Софистицираниот фустан со кратки ракави го спои со бели сандали на потпетици од Алесандра Рич, кои ги носеше и на Вимблдон. Аутфитот го комплетираше со мала бела чанта Mulberry. Како и секогаш, косата и беше беспрекорно средена, во комбинација со минимална шминка. Кејт ја заокружи својата облека со пар обетки од бисер и не носеше друг накит освен веренички прстен од сафир, кој некогаш и припаѓаше на принцезата Дијана.



Фото: I-IMAGES / EYEVINE / PROFIMEDIA