Без вишок килограми во деветтиот месец: Девојката на Милош Биковиќ е најзгодната трудница што сте ја виделе

Добивај вести на Viber

Девојката на Милош Биковиќ покажа како изгледа непосредно пред породувањето

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ долго време ја криеја радосната вест дека наскоро ќе станат родители.

Но овој пат девојката на Милош Биковиќ позираше со трудничкиот стомак и на тој начин откри дека најголемата среќа наскоро ќе дојде во нивниот дом.

Еден од најпопуларните млади актери и неговата избраничка се во врска нешто повеќе од две години, а се чини дека одбројуваат ситно до доаѓањето на нивното прво дете.

Имено, бремената девојка на Милош Биковиќ сподели фотографија од семејниот дом во поодмината бременост, па јасно е дека ги делат само неколку недели од средбата со синот.

Девојката на Милош Биковиќ изгледа нереално убаво во бременоста.

Според добро упатени извори блиски до идните родители, Ивана треба да се породи во ноември, а нејзината појава во деветиот месец од бременоста никого не остава рамнодушен.

Малиќ позираше во тренди тесен фустан од еластин, кој ѝ е омилено парче облека во овој период, а преку него носеше плетен џемпер.

Сепак, и покрај совршениот стајлинг, сите што ја видоа фотографијата беа шокирани од фактот што девојката на Милош Биковиќ не се здебелила ниту еден килограм вишок, а многумина се прашуваат како успеала да има толку добра фигура.

И повеќе од очигледно е дека ужива во бременоста, па последните топли и убави денови ги користи да ужива со семејството и пријателите додека нетрпеливо чека да го запознае своето прво дете.

Извор: www.gloria.rs