Биба Додева среќна позира со сопругот од брод: Еве каде се
Пејачката Биба Додева деновиве ужива во Холандија.
фото: ИнстаграмСиноќа таму имаше настап, а од приложеното на Инстаграм видовме дека ја искористила приликата и за крстарење со сопругот Срѓан.
Нежна и насмеана на Биба ѝ годи љубовта .
Фото: Инстаграм
Инаку пејачката во април годинава се омажи со саканиот Срѓан.
Биба за „Женски магазин“ накусо ја раскажа нивната љубовна приказна и рече дека не верувала оти и за неа има среќа.
- Ова е доказ дека љубовта постои и си го наоѓа патот, кога ѝ е време“, ни изјави Додева. Таа низ насмевка вели дека овој брак за неа е трета среќа.
- Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме, и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле. Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“, изјави Биба, која е среќна баба на Александар, синот на нејзината ќерка Емануела.