Бидете и оваа година дел од најзабавниот онлајн ЕКО маскенбал
Традицијата продолжува, првоаприлскиот
ЕКО маскенбал во организација на Рамстор Мол, Пакомак и Шпаркасе Банка, на
огромно задоволство на сите родители и деца и оваа година ќе се одржи, но во
едни поинакви услови.
Во име на безбедноста и заштитата на сите, оваа година маскенбалот ќе се одржи ОНЛАЈН на официјалната фејсбук страна на Рамстор Мол, наместо во просториите на трговскиот центар како до сега.
Родителите и децата ќе можат да земат учество со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна и креативна, изработена од материјали кои што може да се рециклираат, како што се пластика, најлон, хартија и сл.
Фотографиите од изработените ЕКО маски ќе може на 1 април да се испратат во приватна порака преку инбокс сандачето на фејсбук страната на Рамстор Мол.
На 2-ри април ќе се објави албум од сите испратени фотографии од страна на родителите (старателите) кои соодветствуваат на правилата на учество.
Од 2-ри до 5-ти април албумот ќе и биде достапен на пошироката јавност и фотографиите ќе може да се лајкуваат.
На 6-ти април во 12 часот, ќе се објават трите фотографии со најмногу собрани лајкови кои ќе освојат штеден влог (9000 денари за прво место, 6000 денари за второ место и 3000 денари за трето место) за детско штедење „Медо Штедо“ во Шпаркасе Банка Македонија.
Разбудете ја кративноста на вашите најмили, подигнете ја нивната еколошка свест, забавувајте се при изработката на маските, останете безбедни во вашите домови и бидете наградени за вашата креативност и иновативност.
ПР објава