Славниот актер Бил Козби (81) кој се прослави во 80-те години со „Козби шоу“ е осуден на три до десет години затвор за сексуален напад. Пресудата доаѓа пет месеци откако беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година.
Комичарот порано годинава беше прогласен за виновен по три обвиненија за сторени кривични дела за напад, користење на дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд кои биле извршени во неговиот дом во Пенсилванија во 2004-та година. Таа е само една од 60-те други жени со слични наводи против Козби.