Битолчанец кој живее во Виена им понуди помош на родителите на Леонид: Спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лекува младото момче

Добивај вести на Viber

Помош за лекувањето на Леонид Индов во Виена пристигнува од сите страни. Македонските инфлуенсери и естардни ѕвезди, се вклучија во најразлични хуманитарни акции се со цел да се обезбедат доволно финансиски средства за да се покри лекувањето на Лео.

Македонец кој живее во Виена, а по потекло е од Битола, преку социјалните мрежи понуди помош за младиот Леонид.

„За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им стојам на располагање спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи. Со лесно“, напиша на Фејсбук, извесен Марјан Атанасовски.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmarjan.atanasovski.18%2Fposts%2Fpfbid0Xo7qQwx52nM5LsnrprNiqE2apDfr482hUBeQPTXyp6JajCTPvabjdiaoE2QbAYkTl&show_text=true&width=500" width="500" height="207" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

Под неговата објава следеа коментари за поддршка за гестот и помошта која тој ја нуди на семејството на Леонид.