Бизарна мода: За што служат извалканите и искинати гаќи кои се продаваат за 600 евра (ФОТО)
Екстравагантните
модели се чест избор на светските дизајнери кои на секој можен начин се трудат
да привлечат внимание. Токму кога помисливме дека се навикнавме на тоа дека
модата нема правила, дознавме дека буквално се е дозволено. Така е барем кога
станува збор за најновата колекција на познатиот американски дизајнер Вили
Чавари. Тој на последната модна недела во Њујорк претстави колекција од
извалкани и искинати гаќи.
Машките гаќи кои се продаваат за 600 евра доаѓаат во две бои. Секако, наидоа на низа негативни реакции бидејќи се работи за модел кој изгледа како да е носен и уништен. Ова е причината поради која социјалните мрежи се преплавени со коментари дека „модата е се побизарна и бесмислена“, но тоа не значи дека верните фанатици на популарниот бренд нема да си го дозволат овој модел.
Меѓутоа, кога ќе ја исклучиме цената, многумина се прашуваат која е поентата на ваквите гаќи. Чаварија тврди дека преку облеката што ја создава сака да го покрене прашањето за расната нееднаквост, политиката и сексуалноста.
-Сакам да им покажам на луѓето форми на убавина на кои до сега не биле изложени. Сакам да предизвикам емоција кај нив и да им дадам до знаење дека има толку многу непризнаена убавина во светот, изјави Чаварија претходно во интервју за Списанието „Град и земја“
Да потсетиме, ова не е прв пат да гледаме искинати модни парчиња во колекциите на светските брендови. Луксузната модна куќа „Баленсијага“ своевремено го имаше овој подвиг кога објави лимитирана колекција од само 100 пара патики кои изгледаат целосно уништени. Тие се продаваа по цена од 1.850 долари или околу 207.000 динари
Фото:youtube/screenshot