Бјанка Мизел, манекенката која не постои има Инстаграм профил

Добивај вести на Viber

Хит на социјалните мрежи кај нас деновиве е манекенката Бјанка Мизел, која всушност не постои. 

„1 Тв“ вчера направи анкета со повеќе наши познати и помалку познати личности во кои екипата на емисијата „Ексклузив“ ги прашува дали ја следат кариерата на „познатата манекенка“. Сите до еден во анкетата одговорија дека ја следат и дадоа само пофални зборови за неа.

Уште сношти, на социјалните мрежи веќе се појави хаштаг #prayforbjankamizel. Дел од корисниците на Фејсбук напишаа дека се во врска со „познaтата манекенка“. 

Најинтересно е тоа што Бјанка веќе има и свој Инстаграм профил со повеќе од 700 следачи. „Целата македонска јавност не верува дека постојам и ме исмејува! Ќе го докажам спротивното. На 1.000 фанови ја откривам првата информација за себе“, пишува на Инстаграм профилот. Погледнете го видеото кое е хит на социјалните мрежи: