Блескава кожа, негуван тен: Триковите за зачувување на младоста на Кејти Холмс

Добивај вести на Viber

Актерката може да се пофали со негуван тен, што е резултат на детална и посветена грижа, а откри и без кои козметички производи не може. 

42-годишната Кеjти Холмс не се промени многу од денот кога стана позната. Убавата бринета воодушевува со својата природна убавина и сјајниот тен, па многумина сакаат да ја знаат тајната на нејзината секојдневна рутина за убавина.

Еве што Кејти секогаш има во својата козметичка торба:

1. Руменило во прав

"Јас секогаш имам руменило во прав во мојот несесер. Тоа е мојот омилен трик за убавина, бидејќи никогаш не знаете што ќе ви донесе денот, а руменилото навистина може да ве разбуди и да изгледа "врвно". Со неколку потези, лицето може да ви заблеска. Моите омилени руменила се оние во нијанса на праска“, рече убавата актерка во една прилика.

2. Кремаст гел за миење лице

"Во деновите кога имам снимање, секогаш се обидувам да добијам козметички третмани со чистење на кожата, и ако не успеам, тогаш се обидувам да го исчистам лицето со кремаст производ за да исчистам сè темелно. Таков гел одговара на мојата кожа и ја прави потполно нахранета“, вели Кејти.

3. Маски

Што се однесува до производот за нега на кожата без кој не може да живее, Кејти се заколнува во маската за подмладување на јапонскиот бренд SK-II, што ја остава кожата сјајна и убава за само 10 минути.

4. Масло за лице

Во интервју за Вог, Кејти изјави дека мора да нанесе масло за лице затоа што ѝ помага на кожата да се храни и да го намали ризикот од брчки.

5. Козметички третмани

Кејти Холмс, кога и да има можност, оди на професионални третмани на кожата за да ѝ обезбеди најдобра нега и масажи. "Немам омилен третман, пробувам различни опции. Како и да е, уживам во професионални третмани на кожата", рече таа.

6. Природни производи

Без разлика дали станува збор за козметички производи што ги ставате на вашата коса или на вашата кожа, проверете дали се природни и без силни хемикалии. „Мислам дека е многу важно да се храните здраво, многу е важно да се грижите за косата и кожата со здрави производи“, рече Кејти во претходно интервју.

7. Хидратантни лосиони

Добрата хидратација е основа на квалитетна нега, затоа Кејти не пропушта да нанесе хидратантен лосион. "Го сакам тој производ. Кожата е толку мека и мазна после тоа", откри таа.

8. „Хајлајтер“

Во претходното интервју за Ел, Кејти рече дека не може да живее без култниот прав со светки односно „хајлајтер“. „Обично го ставам точно наутро, бидејќи целосно ми го осветлува целото лице“, рече таа.

9. Бела сенка

Нејзиниот омилен трик за убавина што го научила работејќи со многу познати шминкери е да нанесе бела сенка за да ги истакне нејзините очи. „Еден од моите омилени трикови е да ставам бела сенка на внатрешните агли на очите“, рече таа еднаш.

извор:GLOSSY

-Се шушка дека се во брак: Кејти Холмс се „топи“ од љубов
-Стил на денот: Кејти Холмс и ќерката во опуштено издание со бохо стил