Блогерката Стефанија Несторовска на пресладок начин го откри полот на бебето: За тоа го употреби ова

Стефанија Несторовска, познатата блогерка за храна и инфлуенсерка пред три месеци со јавноста сподели дека е бремена со своето прво дете, а сега преку видео со преслатко јакниче го откри полот на бебето.

Имено, на видеото таа покажа нежна шарена женска јакничка, со која навести дека очекува женско дете.

Јакничката како што напиша Стефанија ја купила во Солун, кога биле во шопинг за бебето на сестра ѝ, а отпосле се сетила дека нејзиното бебе кога ќе има од 3 до 6 месеци ќе биде лето и всушност тоа нема да може тогаш да носи јакна.


Инаку, нејзиниот сопруг Стефан со кого го кажа судбоносното „ДА“ минатиот октомври, ѝ приреди бајковито запросување пред околу една година во Дубаи.


Фото и Видео: Инстаграм -  Стефанија Несторовска