„Бог ве сака затоа што е Бог, не затоа што сте направиле нешто добро“: Зборови кои едноставно мора да ги прочитате денес

Регина Брет е писателка и голема инспирација за луѓето кои ја знаат нејзината животна приказна. Слушнете само парче мудрост од финалистот на Пулицеровата награда

Реџина Брет има таква животна приказна за која светот треба да слушне. Станува збор за жена која боледувала од рак, ја победила зависноста од алкохол и ја запознала својата вистинска љубов дури кога наполнила 45 години. А потоа напиша неколку книги, па стана финалист на Пулицеровата награда.

View this post on Instagram

A post shared by Regina Brett (@reginabrett)


Се прашувате како таа го направила сето тоа? Па, таа не чекала, туку ги решавала работите. Она што на повеќето луѓе им изгледало невозможно, таа го направила да изгледа возможно. Тоа не го спаси светот, но ја спаси неа. Затоа ви ја пренесуваме најголемата мудрост на Реџина Брет:

-Животот е неправеден, но сепак добар.

-Кога се двоумите, направете уште еден чекор напред.

-Животот е премногу краток за да се троши на омраза.

-Не мора да победувате во секоја борба. Имајте само една борба.

-Во ред е да се лутиш на Бога. Тој ќе разбере.

-Помирете се со вашето минато за да не ви ја расипе сегашноста.

-Сè може да се смени додека да трепнеш. Но, не грижете се: Бог никогаш не пропушта ништо.

-Кога ќе дојде време да го следите она што навистина го сакате во овој живот, не кажувајте не.

-Запалете свеќи, користете добри чаршафи, носете убава долна облека. Не штедете ништо за посебна пригода. Таа посебна прилика е денес.

-Бидете ексцентрични сега. Не чекајте да станете доволно возрасни за да носите светло црвена облека.

-Кога ве мачи вашиот најголем проблем, запрашајте се: Дали ова ќе биде важно за пет години?

-Секогаш избирајте го животот.

-Простете на сите и на се‘.

-Времето лечи речиси сè. Дајте му време на времето.

-Без разлика дали ситуацијата е добра или лоша, таа ќе се промени.

-Не се сфаќајте сериозно. Никој не го прави тоа.

-Верувајте во чуда.

-Бог те сака затоа што е Бог, а не затоа што си направил нешто или не.

-Нема потреба да се проучува животот. Појавете се во него и направете колку што можете повеќе.

-Одете на прошетка секој ден. Чудата се случуваат насекаде.

-Ако ги собереме сите наши проблеми и ги споредиме со нечии други, ќе побрзаме да ги земеме нашите проблеми и да ги задржиме.

-Љубомората е губење време. Веќе имате се‘ што ви треба.

-Сепак, најдоброто допрва доаѓа.

-Попуштете.

-Иако животот не е врзан со машна, тој сепак е подарок.


Фото: Инстаграм

Извор: стил курир

Како можете да бидете најдобар лекар себе си на едноставен начин