Богдана е преубава во петиот месец од бременоста: Вељко сподели емотивен момент од семејниот дом (ФОТО)

Вељко и Богдана Ражнатовиќ имаат два сина, а на пат е и третото дете.

За четири години брак тие станаа родители на Жељко и Крстан, а следната година ќе добијат уште еден наследник, кој ќе се вика Илијан.

Убавата Богдана не е активна на социјалните мрежи и нејзиниот Инстаграм профил е заклучен, но одвреме-навреме можеме да ја видиме на објавите на нејзиниот сопруг.

Синот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска сподели неодолива слика од своето семејство на која гледаме како момчињата Жељко и Крстан се облечени во исти бои.

Потсетуваме дека, Вељко Ражнатовиќ претходно откри дека не крие дека би сакал неговите наследници да тргнат по неговите стапки и да станат спортисти.

Фото:Инстаграм