Богдана наскоро ја чека трети царски рез: Вељко Ражнатовиќ не застанува тука, откри колку деца сака да има со сопругата

Добивај вести на Viber


Синот на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ имаат два сина, а третиот е на пат.

Имено, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга имаат два сина – Жељко и Крстан, а наскоро ќе добијат и трет син кој ќе го именуваат Илијан.

Вељко призна дека тој и неговата сопруга Богдана сакаат да добијат уште едно дете, откако таа ќе го роди нивниот трет син.

Со оглед на тоа дека секој пат се пораѓала со царски рез, експертите очигледно им кажале дека можат да имаат четири деца.

- Таа сега ќе има царски рез по трет пат и потоа можеме да имаме уште едно дете – објасни Вељко за поткастот Информер.

„Сакам ќерка“

Вељко неодамна проговори за семејството, децата и идното дете.

- Сега живеам во Тител. Сега сум тука додека се подготвувам за натпревари. Се враќам во моето село, градот повеќе нема да ме види. Отсекогаш сонував да имам два сина … ова трето дете е само плус. Се надевам дека четвртото ќе биде девојче, рече тој.

Фото:instagram