БОЈАНА АТАНАСОВСКА ЗА ЕМИСИЈАТА „УЛИЦА МАКЕДОНИЈА“ И ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Со ќерка ми Искра, заборавив на себичноста
Петмесечната ќерка Искра е нешто што најмногу ја променило поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски. Искра е центар на вниманието на Бојана, и на нејзиниот сопруг Васко Скендеровски, извршен продуцент на емисијата „Улица Македонија“, која од минатата недела ја смени фреквенцијата, и ќе оди секоја сабота од 14.35 на Тв „24“. Семејната продукција „Скендеровски“ ја подготвува емисијата чиј водител е Бојана, а нејзин продуцент е познатиот новинар Антонио Димитриевски. Со Бојана муабетевме за тоа зошто не е активна на музичката сцена и како ги комбинира обврските околу ќерката и емисијата.
Оваа сезона се преселивме на ТВ 24, во дневен термин од 14:35, секоја сабота.- Бојана на снимање на емисијата „Улица Македонија“„Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене. Искра е темпераментно и весело бебенце, влегуваме во фаза кога станува многу интересна, гуга и се смее, покажува љубов и приврзаност“, ни раскажа Бојана за својата ќерка.
Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене. - БојанаЗа емисијата „Улица Македонија“, Бојана вели дека и на новата фреквенција, генерално го задржува истиот формат. „Ќе правиме профилни интервјуа на луѓето од јавната сцена во нашата земја, но оваа сезона имаме неколку рубрики плус,како на пример „Поглед низ прозорец“. Пакуваме кратко видео за гостинот, во кое се трудиме да опфатиме се што значи негов живот и дело. Оваа сезона се преселивме на ТВ 24, во дневен термин од 14:35, секоја сабота“, ни раскажа пејачката која беше активна и наградувана на домашните фестивали, а сега се повлече од музичката сцена.
По мојата бременост, во која се здебелив значително, моментално сум наХроноисхрана од чии резултати сум воодушевена„Па, не се повлеков од естрадата комплетно, и со некоја причина посебно,веројатно комплетната атмосфера на естрадата каква што е, некако ме демотивираше. Претпоставувам дека како и многу мои колеги коишто исто така долго време не прават ништо особено, ми недостига времето кога имавме многу нова македонска музика, кога беше модерно да се слуша истата, кога помеѓу себе се натпреварувавме кој ќе направи подобар спот, подобра песна. За жал, немам објаснување за состојбава,ништо повеќе не е исто. Искрено, во потрага сум по добра песна, имам неколку идеи за проекти во глава, но сега за сега се е само идеа, веројатно го чекам моментот кога ќе почувствувам дека е вистински момент за да направам нешто добро“, ни изјави Бојана. Таа вели дека не може да избере помеѓу водителството и музиката, и ако е можно, би се занимавала и со двете работи. Најголемата поддршка и е сопругот Васко.
„Од многуте нешта кои ми се допаѓаат кај него, пред сѐ најмногу ја сакам неговата несебичност, и тоа што тој е добар човек, пред сите други работи кои го красат како личност. Тој е мојата најголема поддршка во се што работам, и кога и да помислам дека нешто не ми оди, или пак нема да успее, тој постојано ме потсетува дека треба да верувам во се што правам, и да бидам упорна“, откри Бојана, која важи за една од нашите најатрактивни и најнегувани жени од јавниот живот. По породувањето, таа е на специјален режим на исхрана.
„По мојата бременост, во која се здебелив значително, моментално сум на Хроно исхрана од чии резултати сум воодушевена, и им ја препорачувам на сите. Моментално немам време за теретани и физичка активност, затоа што комплетно сум и посветена на мојата ќерка Искра, и најмногу од времето и енергијата ги трошам на неа. Стандардните женски ритуали како одење на фризер, козметичар, и слично сè уште ги практикувам, затоа што сум човек на кој надворешниот изглед му е многу важен“, ни раскажа Бојана.
За Женски магазин, Милица Џаровска