Бојана Скендеровски прослави јубилеен роденден: Сопругот со прекрасно изненадување (ФОТО)

Добивај вести на Viber

„Животот вистински почнува во четириесетите години. Дотогаш само правиме истражувања“, рекол Карл Јунг и можеби имал право. Тоа најдобро може да го објаснат оние кои веќе почнуваат да ја уживаат петтата деценија.

Поп-пејачката Бојана Скендеровски не ги крие годините и гордо ги носи, затоа што си се нејзини.

Таа прослави јубилеен роденден во кругот на семејството, сопругот Васко и нивните две дечиња, ќерката Искра и синот Ѓорѓи. Букет со рози, торта во форма на срце и свеќички, било изненадувањето за Бојана. Облечена во црвено, соодветно за Денот на виното и вљубените.

„Добредојдовте 40 и со букви(четириесетти).Бидете добри,ветувам дека ќе останам искрена и верна кон се што сакам да остварам.Господе, благодарам што ми го овозможи сето ова…здравје,фамилија,љубов,пријатели. Среќна сум со се што живеам и имам.Пријатели,јас сум богата жена духовно,денес денот го направивте посебен за мене со секој момент и гест што го направивте и со секоја убава мисла што ми ја испративте.Да сте живи и здрави,одиме понатаму“, напиша Бојана.

Фото: Инстаграм