Боки 13 изненади и растажи со потегот: Емотивни стихови за неговата мајка стрелаат право во срце

Добивај вести на Viber

„Песна со најголема љубов и најголема тага! Песната која ѝ ја посветувам на мајка ми на која ѝ го должам животот“ - напиша Боки 13 со објавата..

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, синоќа во Скопје ја одржа промоцијата на својата нова песна која е посветена на неговата мајка, а зборовите растажија многумина.

Многумина не очекуваа дека Боки 13 ќе се врати на јавната сцена по тежок период.

Песната, која е вистинска почит на љубовта и почитта кон мајката, удира директно во срцето благодарение на трогателните зборови и силната порака.

Боки, познат по својата харизма и сценски шарм, овој пат сподели дел од својата ранлива страна, со што промоцијата стана уште повпечатлива.



На својот Инстаграм профил Боки напиша:

- Песна со најголема љубов и најголема тага! Песна која ѝ ја посветувам на мајка ми на која ѝ го должам животот. „Само една тажна песна“ – напиша тој во објавата.

По турбулентниот период низ кој минуваше, Боки 13 покажа дека уметноста може да биде моќен начин за изразување на емоциите и надминување на предизвиците.

Спотот за песната е веќе достапен на неговиот канал на Јутјуб, а фановите ширум регионот не престануваат да споделуваат позитивни коментари за оваа трогателна песна.


FOTO: Printscreen Instagram