„Болеста ме направи посилна жена“ Емина Јаховиќ призна дека научила лекција: „Отпуштав работници ако ме погледнеа настрана“
Емина важи за една од омилените пејачки од Балканот, своевремено призна дека била лош работодавец, но дека пандемијата на коронавирус ја принудила да се промени. Сега, вели таа, станала подобра личност кон другите.
- Се борев со корона, болеста ме направи посилна жена, но и подобра личност. Го намалив кругот на пријатели, станав помудра, сочувствителна, човек кој има разбирање за другите – изјави Јаховиќ.
- Пољубезна сум кон луѓето и се трудам да се ставам во нивна позиција. Порано отпуштав соработници само ако ме гледаа настрана, но сега веќе не го правам тоа. Научив да го контролирам моето его – изјави еднаш таа за Информер.
Да потсетиме, Емина Јаховиќ е долго време сама откако се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал со кој помина десет години.
На прашањето дали верува дека спротивностите привлекуваат при посетата во емисијата на Гоца Тржан, Емина одговори:
- Зошто се привлекуваат спротивностите? Не знам кој го кажува тоа. Комбинацијата е ок, но спротивностите не функционираат – ја започна својата приказна пејачката.
Фото:Инстаграм