Браво: Теренот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола преплавен со плишани играчки за дечињата од ранливи категории
фотографии:Instagram/chkrapaj.si / Facebook/RK Eurofarm Pelister
Гест кој ги грее срцата!
Теренот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола вчера беше покриен со плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Акцијата ја покрена ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со што покажаа одличен пример и испратија хумана порака до македонската јавност.
Вчера РК Еурофарм Пелистер испрати хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикаа сите навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961, на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.
„Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“ - порачаа тие.
фотографии:Facebook/RK Eurofarm Pelister