Бремена манекенка пронајдена мртва во фрижидер: „Рацете и стапалата ѝ бea врзани, а под неа имаше локва крв“ (ФОТО)
Малиса Муни, модел од Лос Анџелес, чие тело беше пронајдено на почетокот на
септември, според податоците од истрагата била ставена во фрижидер. Убиецот и
ги врзал рацете и нозете на Малиса, и ставил превез на устата, а во телото и
биле пронајдени траги од кокаин.
Официјални лица во Лос Анџелес на почетокот на месецот објавија дека Муни починла од насилна смрт, но грозоморните детали за тоа како биле пронајдени нејзините посмртни останки дури сега се објавени.
Во посмртниот извештај се наведува дека Муни се здобила со повреди со тап предмет во пределот на главата и левата рака. Токсиколошките наоди покажуваат дека таа во телото имала бензоилекгонин (метаболит на кокаин), како и мешавина од кокаетилен и етанол.
-Трауматските повреди забележани на обдукцијата генерално не се сметаат за опасни по живот, сами по себе. Сепак, врз основа на околностите во кои беше пронајдена г-ѓа Муни, овие повреди сугерираат дека таа најверојатно била вклучена во физичка пресметка пред нејзината смрт. Со оглед на ова, најверојатно количината на дрогата и/или алкохолот можеби играле улога во нејзината смрт, се вели во извештајот на патологот.
Муни беше пронајдена мртва во својот стан на 12 септември, откако нејзината мајка повикала полиција бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката.Кога полицајците влегле во станот го нашле нејзиното претепано и врзано тело, а под неа имало локва крв.
Има и докази дека манекенката била давена. Истрагата откри дека некој го користел нејзиниот мобилен телефон, компјутер и други гаџети кои биле поврзани со нејзиниот iCloud.
Сестрата на убиената рекла дека Малиса во моментот кога била убиена била бремена два месеци и дека отсекогаш сакала да биде мајка. Мелиса се вселила во луксузниот стан еден месец пред убиството.
Фото:Инстаграм