Британската амбасадорка за 8-ми Март ќе споделува искуства со девојки од Македонија

Добивај вести на Viber

Рејчел Галовеј е амбасадорка на Велика Британија во Република Македонија од Јули, минатата година. Таа е во среќен брак со Томас Галовеј со кого има две деца.

Амбасадорката на својот профил на Твитер објави јавен повик до сите девојки на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да го поминат Интернационалниот ден на жената во нејзино друштво. 

Имено се што треба да направат е да дадат идеја која ќе го промени општството на подобро. Избраните девојки ќе имаат можност да се дружат на 8-ми Март со амбасадорката Рејчел, како и да научат повеќе за дипломатијата и политиката на Британската Амбасада.