Британски „Индепендент“ пишува за смртта на Андреј: Пејач почина како херој враќајќи се во ноќен клуб да спаси млади фанови

За трагедијата во земјава Македонија, пренесоа многу балкански, европски и светски медиуми.
Британскиот весник „Индепендент“ е еден од медиумите кој јави за катастрофата која пеплоса и изгоре многу деца, а во црно зави десетици семејства.
Пејачот на хип-хоп група која свиреше пред пожарот да убие повеќе од 50 луѓе „умре како вистински херој“ враќајќи се во пеколот за да ги спаси своите млади обожаватели, а не себеси, изјави неговиот менаџер, пишува медиумот.
Понатаму во текстот се додава:
„Извештаите сугерираат дека 1.500 луѓе, вклучително и малолетници, биле во ноќниот клуб „Пулс“, во Северна Македонија, каде што ДНК настапувале кога се запалил покривот.
Кај Андреј Ѓоргиески, еден од пејачите на популарниот македонски бенд, е потврдена смртта од неговиот менаџер.
„Снимките на социјалните мрежи покажаа хаос во клубот додека покривот се пали, а Ѓоргиески ги повикува гостите да излезат што е можно побрзо.
Неговиот тим соопшти дека пејачот се вратил во запалениот објект каде што загинаа 59 луѓе, меѓу кои и малолетници, а повеќе од 100 се повредени.
Менаџерот за резервации на хип-хоп групата Спасоски изјавил за Индипендент: Андреј можел да се спаси, но избрал да се врати.
Тој рекол: „Да, точно е, никогаш не сум сретнал толку добра и скромна личност во мојот живот“.
Полицијата уапси 20 лица во врска со фаталниот пожар, во кој се вклучени владини претставници и управителот на местото - стара зграда која претходно била складиште за теписи - која немала валидна лиценца.
Запрашан дали очекува правда за смртните случаи на местото на настанот, Спасоски додал: „Се надеваме дека ова ќе не освести сите како народ и дека државата нема да дозволи да ни се повторуваат вакви трагедии“.