Брижит Макрон во фармерки за кои жените никогаш нема да бидат престари (ФОТО)
Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон започнаа со еднодневна посета на северот на Франција. Тие го посетија родното место на францускиот писател Жан де Лафонтен во општината Шато-Тиери лоцирана во одделот Ајсен.
Жан де Лафонтен е роден во 1621 година и се прослави со делата „Басни и бајки“ и „Приказни во стих“, а последното издание на неговите басни беше објавено во 1693 година. Претседателот и првата дама го посетија локалното училиште за да разговараат со учениците за познатиот писател и неговите дела, но и за важноста на читањето и образованието.
(Foto: Profimedia)
Потоа се упатија кон замокот Вилерс-Котретс, кој во моментов се реновира. Првично е изграден во 950 година и бил изгорен двапати пред да биде обновен од камен, на почетокот на 12 век.
Првата дама и во оваа пригода му беше верна на својот стил. Фармерки, сако и чевли со високи потпетици се дел од нејзината стандардна униформа, па овој пат ја одбра истата комбинација.
Таа комбинираше класична бела маица со тесни фармерки, бела јакна и чизми до глужд.
(Foto: Profimedia)
Во повеќе наврати, пишувавме за тоа како, според резултатите од различни истражувања, многумина веруваат дека жените се премногу стари за да носат фармерки по одредена возраст. Така, во едно истражување, испитаниците рекле дека по 47-та година од животот, жените треба да исфрлат тесни фармерки од плакарот.
Брижит Макрон сега има 69 години, совршено носи тесни фармерки и е најдобар доказ дека жените никогаш нема да бидат премногу стари за нив.
Фото: инстаграм/Профимедиа
Модна десетка за Брижит Макрон: Во овој фустан и фризура, на 68 години изгледа како девојче