Бројот на заболени од корона во земјава достигна 201

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата - соопшти министерот Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати - додава министерот за здравство.

По градови новозаразените се од: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица. 

Вирусот моментално е распространет на територијата на десет градови низ Македонија.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)