„Бруи, бруи чаршијата“: Сара Јо доби понуда за брак на концертот на Марија Шерифовиќ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ синоќа одржа втор во низата концерти во Белград, од проектот „Друга страна плоче“.

Па како и за секој нејзин концерт, и на овој, пејачката имаше покането гост на концертот, завчера тоа беше ураганката Сања Вучиќ, а вчера гостинка беше актуелната пејачка Сара Јо. 

Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, доживеа изненадување на вечерашниот концерт на Марија, откако непознато момче се приближи до сцената и ја запроси.

„Кума“на настанот беше Марија, која ја „водеше програмата“, поточно му дозволи на момчето да излезе на сцената, да клекне пред Сара и да ја побара да се омажи за него, а покрај тоа Шерифовиќ ја убеди Сара да каже „да“.

На крајот пејачката со многу двоумење му дозволи на младото момче да ѝ стави веренички прстен на раката.

Секако, Марија ја искористи оваа ситуација, па се пошегува на сметка на момчето што ја запроси Сара.
- Има 21 година, легален е. Тоа е важно - се пошегува Шерифовиќ, која дефинитивно се забавуваше со оваа ситуација.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото:


Урнебесно видео: Марија Шерифовиќ повторно направи хаос во кујната, нејзината мајка остана шокирана