Букет цвеќе и силна прегратка: Емотивна средба на Татјана Лазаревска со нејзината мајка на аеродорм во Мелбурн (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска ѝ приреди изненадување на нејзината мајка која пристигна во Мелбурн, Австралија.

Со букет цвеќе ја пречека на аеродромот, во друштво на Маријана Новачевска од дуетот „Маријана и Росана“.

„Моето Новогодишно пакетче пристигна. Мојата мајка Снежана Лазаревска. Празниците можат да започнат“, напиша Татјана и сподели видео од пречекот.


Инаку пејачката ова лето заедно со семејството, сопругот Новица и нејзините синови Петар и Стефан беа неколку месеци во Македонија. Па оваа можност парот го искористи и да настапи на фестивалот „Охридски трубадури“.

Тие веќе неколку години живеат во Австралија, каде Татјана работи како наставничка во градинка, додека Новица вози автобус во јавен превоз. Но викендите ги користат за да настапат во ресторани или на настани организирани од нашите иселеници во Австралија.

Фото: Инстаграм